Од срце за Никодим! Ова е патеката на која ќе се трча хуманитарната трка за малиот Никодим во сабота!
Стартот е на Реклами, се продолжува по бул. Гоце Делчев до кружниот тек кај хотел „Липа“, лево по ул. Димо Наредникот се до вртењето лево за Кеј 9-ти Септември, трчаме до мостот Табана каде се врти повторно лево и се продолжува кон кружен тек „Карпалак“ и повторно по бул. Гоце Делчев доаѓаме до финишот.
НАПОМЕНА: Должината на оваа патека е 2.5 км, ќе се трчаат 2 круга!
Котизацијата за трката ќе биде 200 денари!
За трката можете да се пријавите на следниот линк:
Два часа пред трката, односно од 17:00 до 19:00 часот пред Камената бина ќе има кутија каде ќе може да донирате и со самата донација да го подигнете вашиот стартен број!
Трчаме 5-ка за Никодим!
















