Денеска се во Охрид! “Солза и смеа” вчера во Прилеп направија спектакл за паметење
Синоќа во големата сала во прилепскиот Центар за култура во Прилеп, урнебесните 4 актерии од Солза и смеа прославија 30 години со нивната најнова комедија на која прилепчани се смееа на секои 5 секунди!
Имено, “Солза и смеа” денеска (12.02.2026 – четврток) доаѓаат во Охрид во големата сала во Центарот за култура Григор Прличев во Охрид каде ПРЕМИЕРНО пред Охриѓани ќе ја изведат нивната најнова претстава “Леле што ќе ти напрам“, сала која исто како и минатите години, ќе биде претесна за да ги собере сите охриѓани кои ќе уживаат во смеата на овие добро познати комични ликови. Овој пат нема да се претстават со стендап шоу како што беше минатите години, туку сега доаѓаат со ЦЕЛА театарска претстава -КОМЕДИЈА, во која учествуваат 4 добро познати ликови од урнебесните Солза и смеа.
Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават постои огромен интерес за овие популарни ликови. Побрзајте, билети може да си резервирате 24/7 на 077/ 867-169.


















