Во интерес на пациентите! ЈЗУ Здравствен дом – Крушево со нов “ехо апарат” од 50.000 евра

Сподели го ова:





























Денеска, на 1 октомври во Амбасадата на Јапонија беше потпишан договорот за донација за Проектот за обезбедување на ехо апарат за ЈЗУ Здравствен дом Крушево.

Преку „Програмата за мали проекти за човекова безбедност (GGP)“, во вредност од 49.624 евра, ќе биде обезбеден ехо апарат со цел подобрување на квалитетот на здравствените услуги за граѓаните на општините Крушево и Долнени.

Директорката на ЈЗУ Здравствен дом – Крушево, Александра Мијајлевска Стефановска, искрено се заблагодари за помошта и нагласи дека Општина Крушево е мала и не многу богата општина, па како резултат на ова, оваа помош многу ќе значи во севкупната работа на Здравствениот дом во Крушево.

Во нашиот Здравствен дом работиме со ограничени ресурси. Затоа, оваа поддршка е од особено значење. Преку овој проект за набавка ќе добиеме современ ехо апарат кој ќе овозможи побрза и попрецизна дијагностика, подобра грижа за пациентите, како и значително унапредување на здравствените услуги што ги нуди локалната заедница. Овој проект не претставува само инвестиција во апаратура – туку и во здравјето на граѓаните на Крушево и околните населени места… Јапонија уште еднаш покажа дека е искрен пријател на нашата земја и на нашите граѓани. Длабоко сме благодарни за овој чин на солидарност и поддршка која ќе остане трајно запишана во развојот на нашата здравствена установа”- нагласи директорката на крушевскиот Здравствен дом, Александра Мијајлевска Стефановска.

Грант програмата на мали проекти за човекова безбедност или GGP, која е еден од важните столбови за соработка меѓу Северна Македонија и Јапонија. Од 1996 година во рамки на оваа рамка, Јапонија поддржа 186 проекти во областите на здравството, образованието и животната средина. Во рамки на иницијативата за соработка со Западен Балкан, Јапонија е силно посветена на поддршката на економскиот и социјалниот развој на Сецерна Македонија, што е неопходно за целосно интегрирање во ЕУ, рече на церемонијата на попишувањето на Договорот амбасадорката Кавахара… Денеска, уште еднаш ја потврдуваме континуираната поддршка на народот на Јапонија за здравстениот сектор во Северна Македонија. Би салака да ја искористам оваа можност да им оддадам длабока почит на сите лекари и целиот медицински персонал  во оваа земја, вклучувајќи ја директорката на Здравствен дом Крушево, кои работат дење и ноќе за пациентите. Вашиот придонес е неизбежен и се надевам дека овој проект ќе биде успешен, а новиот апарат ќе придонесе за прецизна дијагноза и подобрување на медицинската грижа” – рече јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара.




Сподели го ова:

Слични објави