Секој сака да пее на “Весели Ѕвончиња”, меѓутоа за годинешниот фестивал се е пополнето!

Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, односно фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД” и понатаму урива рекорди! И оваа година се бара “место повеќе” за учество, меѓутоа како што известуваат директорите на фестивалот веќе нема ниту едно слободно место за учество на “Весели Ѕвончиња by JANA” – најактуелниот детски музички фестивал.
Искрено, во Прилеп постојат и други фестивали и некои мали хорчиња, меѓутоа прилепскиот фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” километри се разликува од останатите, а ако не ни верувате, прашајте ги илјадниците задоволни родители и учесници кои се дел од популарните Весели ѕвончиња. А како ќе звучат најновите детски хитови од Веселите Ѕвончиња, ќе слушнете оваа пролет на големата фестивалска сцена во Прилеп.