Покана по повод празнувањето на верскиот празник Св. Никола

Сподели го ова:


По повод празнувањето на верскиот празник Св. Никола, патронот заштитник на Прилеп, домаќинот,Тони Тарунџиоски и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески упатуваат покана до сите граѓани да присуствуваат на чествувањето на градската слава на ден 19.12.2021 година (недела). Одбележувањето на верскиот празник Св. Никола ќе започне во 08.00 часот со свечена литургија во Црквата Св. Благовештение, по што во 12.00 часот пред Параклисот на Св. Никола во центарот на градот ќе следи водоосветување и прережување на празничниот колач, а во 12.30 часот е предвиден благослов на градската трпеза на плоштадот „Александрија“ пред камената бина.





Сподели го ова:

Слични објави