СО СРЕЌА МАТУРАНТИ! Денеска започна полагањето на државната матура

Сподели го ова:


























Во сите средни училишта во државата денеска започна државната матура, со полагање на тестот по мајчин јазик. Учениците годинава ќе полагаат во поголеми просторни услови, односно во холовите и спортските сали во рамки на училиштата каде го завршуваат средното образование, или пак во најблиското училиште каде има соодветни услови согласно новиот правилник на Државниот испитен центар.

Потсетуваме дека согласно Концепцијата за матура и завршен испит, учениците полагаат 2 екстерни предмети, 2 интерни предмети и подготвуваат проектна задача. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик и тој се полага утре. Следниот испит ќе биде на 8 јуни, а прелиминарни резултати ќе има најдоцна на 8 јули, по што ќе следи можноста за поднесување приговори.Државната матура се спроведува од 2008 година, како законска обврска и услов за упис на високообразовна установа.




Сподели го ова:

Слични објави