Препораки за заштита од високите температури од страна на Министерството за здравство

Сподели го ова:
























Доколку УВ индексот е повисок од 8, задолжително да се користи крема со заштитен фактор и капа, како и да се внимава движењето надвор да биде во сенка. УВ зрачењето и топлината се најсилни во периодот помеѓу 10 и 14 часот и се препорачува во тој период да биде што е можно помала изложеноста на сонце. Воедно, посетителите на плажа треба да имаат предвид дека белиот песок и другите светли површини рефлектираат УВ зрачење и може двојно да ја зголемат изложеноста на зрачењето, се истакнува во соопштението од МЗ.

Од Министерството за здравство апелираат на општите препораки за заштита на здравјето како што се:

– Во текот на екстремно топли денови, да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка;

– Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце заштитни очила и капа. За сончање да се користи крема со висок заштитен фактор; 

– Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. Воедно, да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.

Дополнуваат дека поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи, а исто така се препорачува да се избегнуваат производи кои не се термички обработени, а на хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари. 




Сподели го ова:

Слични објави