Прилеп одбележа 82 години од загинувањето на Мирче Ацев
Денеска во Прилеп беше оддадена почит по повод 82 години од загинувањето на патронот на прилепската Гимназија и Касарната „Мирче Ацев“.

Мирче Ацев е еден од најпознатите борци за национално ослободување на Македонија и е одликуван со титулата народен херој. Неговата херојска борба и жртва за слобода ќе останат вечен симбол на нашата храброст и посветеност на националната независност. Тој трагично загинал во 1943 година, ѕверски мачен и убиен од бугарскиот фашистички окупатор, но неговото име и дело ќе живеат засекогаш во срцата на македонскиот народ.
Во чест на својот патрон празник, армискиот артилериски состав во касарната „Мирче Ацев“-Прилеп одржа пригодна програма, а учениците и професорите од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“-Прилеп ќе одржат свечена академија во театарот „Војдан Чернодрински“.
Нека неговото име и дело служат како инспирација за сите нас да продолжиме да ја цениме и чуваме слободата што ја добивме од жртвите на нашите храбри македонски борци и херои!


















