Битолчанецот Никола Свенчев годинава го фати светиот крст во Битола
По повод големиот христијански празник Богојавление, централниот настан во Битола се одржа во Црквата Свети Великомаченик Димитриј. Со црковната богослужба чиноначалствуваше митрополитот преспанско пелагониски г. Петар, а градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски испрати честитки и желби за многу здравје, радост и среќа до сите православни христијани.Честитајќи му и на најсреќниот Никола Свенчев кој годинава имаше среќа да го фати светиот крст на оваа традиционална манифестација, градоначалникот Коњановски го покани Свенчев во својот кабинет.

