Погледнете! Најмладите во Прилеп денеска со тротинет го одбележаа Меѓународниот ден без автомобили!
Малите тркала за голема промена!“ – прекрасен настан кој денес се одржа во центарот на Прилеп Повеќе од 200 дечиња возејќи тротинет, денес го одбележаа 22 септември, Меѓународниот ден без автомобили!
Овој настан испраќа многу убава порака – да го зачуваме воздухот чист, да се грижиме за животната средина и да практикуваме еколошки транспорт колку што можеме повеќе!
Од Општина Прилеп искажаа голема благодарност на сите дечиња кои денес учествуваа на настанот, но и на родителите кои издвоија дел од своето време да ги донесат своите најмили!