Денес по повод 20 Мај, денот на пожарникарството прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, беше во посета кај прилепските пожарникари

Сподели го ова:
























Денес по повод 20 Мај, денот на пожарникарството во Република Македонија, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, беше во посета кај прилепските пожарникари, при што истакна:

“Почитувани пожарникари извршувајќи ја својата професија многу често го ставате во ризик и вашиот живот, со цел да спасите друг живот или да спасите нечиј дом на нашите сограѓани. Вашата професија е една од најблагородните и претставува симбол за солидарност и хуманост пред се. Со самото тоа вие сте тимот кој што има огромно значење за нашата општина и за безбедноста на нашите сограѓани. Во името на сите граѓани на општина Прилеп и во мое лично име сакам да изразам благодарност за вашата пожртвуваност и за вашата професионалност при извршувањето на вашите работни задачи во обезбедувањето на личната безбедност на граѓаните и на нивните имоти. Сигурен сум дека и во иднина секогаш ќе бидете на висина на задачите и ќе одговорите на сите предизвици кои што ви ги носи професијата. Општина Прилеп во наредниов период и лично јас како градоначалник сакам да ви посочам дека ќе направиме се што е потребно за да ви бидат обезбедени сите средства кои што ви се неопходни за извршување на вашата работа. Сакам да упатам голема благодарност до членовите на Советот на Општина Прилеп за нивната помош со која што на нашата Противпожарна единица им обезбедивме апарати со цел полесна и побрза локализација на отворени шумски пожари. Ви го честитам овој ден, ви посакувам добро здравје и да имате што помалку работа”-истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави