Во чест на вчерашниот празник, бродовите „Александрија“ пловеа по симболична цена до манастирот во Калишта
По повод големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, бродовите „Александрија“ во Охрид, вечерта наспроти празникот пловеа до манастирот во Калишта по симболична цена од само 200 денари во двата правци (повратна карта)!
Бродовите тргнаа од градското пристаниште во Охрид во 19:30 часот, а враќањето од манастирот беше нешто околу 22:30 часот. Верниците во манастирот си запалија свеќи, а воедно се помолија за своето здравје, и здравјето на нивните најмили.