ПОДАЛЕКУ ОД УЧЕНИЦИТЕ: Од сега, казината и обложувалниците не ќе можат да “постојат” ако бидат во близина на училиштата
Изгласан е законот за игри за среќа, казина и обложувалници, при што тие од сега, не ќе можат да постојат ако се наоѓаат во радиус од 500 метри од училиштата. Денеска во собранието се изгласа законот според кој се забранува да има автомат клуб, спортска обложувалница или друг објект за организирање игри на среќа на 500 метри од училиштата.
Со ваквиот закон, постои опасност 10.000 луѓе да останат без работа.