|

УТРЕ ЗАМИНУВААТ ЗА САРАЕВО ПО НОВИ УСПЕСИ: Студиото за модерни танци “New Generation” ќе учествуваат на еден од најдобрите натпревари во Европа 

Сподели го ова:
























Студиото за модерни танци Dance studio New Generation утре, 29 ти март тргнува на еден од најдобрите натпревари во Европа на ИНТЕР ДЕНС ФЕСТ САРАЕВО. Овој натпревар ќе се одржи во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, четири дена (30 и 31 март и 1 ви и 2 април) ќе настапуваат едни од најдобрите школи и клубови за модерни танци од европскиот континент кои ќе се натпреваруваат во различни стилови.

Во Сарево четири дена ќе се игра, ќе го претставиме нашиот град  Прилеп и Македонија.Тука ќе се натпреваруваме со најдобрите клубови  од Европа и ќе има  голема  конкуренција. Ние ќе се претставиме со 5 формации во Опен, Хип Хоп, Стрит Денс и со многу соло настапи во Стрит денс и Хип хоп. Точно 23 танчери од Прилеп ќе играат со најдобрите, велат од прилепското студио Dance studio New Generation – истакнуваат од студиото за модерни танци Dance studio New Generation-Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави