| |

ПОДГОТОВКИТЕ СЕ ВЕЌЕ ВО ТЕК: „Аудиција“ во прилепскиот театар – станува збор за новата претстава која за брзо ќе биде поставена на репертоарот на прилепскиот театар

Сподели го ова:























„Аудиција“ од Александар Галин е новата претстава која што ја подготвуваат актерите од прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“. Претставата ќе биде во режија на Владимир Милчин.

Како што истакнуваат од таму, станува збор за горчлива комедија, современа, денешна…

Во оваа претстава ќе играат актерите Јасмина Мицовска Станкоска, Ангела Наумоска, Игор Трпчески, Зоран Иваноски, Марија С.Илијески, Наташа Ачански, Александар Тодески, Даниела Иваноска, Илија Волчески, Михајло Миленкоски, Сара Спиркоски.

Изборот на музиката ќе биде на режисерот на претставата, сценографијата ќе биде дело на Крсте Џидров, а за костимите ќе се погрижи Марија Пупучевска.



Сподели го ова:

Слични објави