Јовчески и Проданоски остварија билатерална средба со претставници од кинеската амбасадата

Сподели го ова:


























Денес, градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески и претседателот на Совет Дејан Проданоски, остварија билатерална средба со претставници на Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија.

“Заедно со претседателот на Совет на Општина Прилеп остваривме првични средби со економскиот советник г-дин Хе Бингхуа и со аташето на економската канцеларија на кинеската амбасада во Република Македонија, г-дин Хуанг Ѕинлеи. На средбата во присуство и на претседателот на Стопанската комора за Прилеп, Ирена Јакимоска, разговаравме за нашето локално стопанство, економската ситуација во нашата општина, како и за понатамошниот локален економски развој на Прилеп. Успешното работење на голем број прилепски компании, како и природните богатства и убавини на општина Прилеп се надевам дека ќе привлечат потенцијални инвеститори и ќе отворат нова бизнис соработка за нашиот град. Го посетивме и ООУ ,,Гоце Делчев”-Прилеп, кое што беше реновирано во 2010 година благодарение на соработката со Амбасадата и владата на Народна Република Кина. Во името на Општина Прилеп јас изразив огромна благодарност за досегашната соработка во изминатите години, а искрено се надевам дека ова продлабочување на нашата искрена и пријателска соработка во иднина ќе резултира со заеднички проекти и придобивки за нашите сограѓани” -истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави