Од денеска почнува скрининг-тестирањето по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на ковид-19 има населението во земјава

Сподели го ова:
















Од денеска започнува скрининг-тестирањето кое ќе биде по случаен избор, при што ова тестирање ќе треба да покаже дали и каков имунитет на Ковид-19 има населението во нашата земја. Основната цел од ваквото тестирање е да и се помогне на Комисијата за заразни болести и на земјата, во однос на планирање на идните мерки. Тестирањето е предвидено да се направи на примерок од 1.000 испитаници во Скопје, меѓутоа отворена е можноста процесот на тестирање да се прошири во целата земја, се со цел да се добијат поконкретни податоци за имунизацијата. Беким Сали-Министерот за здравство, најави серолошка анализа на целата територија на земјата: “Оваа анализа ќе ни покаже колку реално сме имунизирани. Имаме евиденција колку сме вакцинирани, колку имаат примено една доза на вакцина, две или три и типот на вакцини кмои се аплицирани. Но, знаејќи дека особено сојот омикрон минува со полесна клиничка форма, голем број од нашето население не отишле за ПЦР-тест или сами го прележале во домашни услови. И сакаме да имаме јасна слика колку од нашето население го минале ковидот и врз основа на овие резултати, ќе имаме една слика и мислам ќе излеземе пред јавноста да речеме дека според нашите бројки, евиденцијата која ја имаме, 41 процент се имунизирани со вакцина, но врз основа на истражувањето, можеби, сме 60 проценти имунизирани на природен начин”, истакна министерот за здравство.







Сподели го ова:

Слични објави