Проданоски: Општина Прилеп е дел од современиот регионален систем за управување со отпад, за почиста и поздрава животна средина!
Денес, прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски беше со колегите градоначалници од пелагонискиот и југозападниот регион, каде учествуваше во формирањето на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО).
“Со потпишувањето на овој значаен договор, направивме решителен чекор кон воспоставување координиран, модерен и ефикасен систем за управување со отпад по европски стандарди. Нашата цел е јасна, повисок квалитет на услугите, чиста и здрава животна средина и современи решенија за сите граѓани на Прилеп и Пелагонија. Преку МОУО ќе работиме заеднички на решавање на проблемите со дивите депонии и на подобрување на целокупниот процес на управување со отпадот. Настанот беше во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Министерството за локална самоуправа и SALAR International. Благодарност до институциите и нашите партнери за поддршката и заедничката визија. Продолжуваме посветено да работиме за почист Прилеп и подобар живот за сите наши сограѓани!” – истакна прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.















