| |

ПОБРЗАЈТЕ – НАБАВЕТЕ СИ БИЛЕТ: Овој петок во Прилеп е најновото фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”

Сподели го ова:


























По 5-ти јубилеен пат во Прилеп-Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2023. Во петок на 28.04.2023 година со почеток во 11:00, 13:00 и 18:00 часот, НУЦК “Марко Цепенков” – Прилеп ќе биде местото каде што по петти пат ќе се се одржи фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД”.

Маскотата на Распеаното Весело ѕвонче Ве кани да се сликате и дружите со него, и да ги слушнете премиерно најновите музички хитови од најновото петто фестивалско издание “Весели Ѕвончиња-by JANA”-Прилеп 2023.

Специјални гости на фестивалот ќе бидат магионичари, кловнови, “магичниот спајдермен” – циркуски точки кои за прв пат ПРЕМИЕРНО ќе бидат изведени во Прилеп.

Веселото Ѕвонче на секој посетител ќе му подари специјален подарок од Стоби Флипс и “Ladna Voda” од Магрони. Како и претходните години, така и оваа, фестивалот ќе понуди 15 ново-компонирани детски музички песни кои што ќе ги испеат деца од 4 до 14 години од неколку градови од Македонија, меѓутоа најголемиот број – како и секоја година ни доаѓаат од Прилеп.

 Петта година по ред –Ве каниме сите Вас… Бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и дојдете заедно да се дружиме, сликаме и пееме со распеаното Весело ѕвонче на најновото четврто фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп, 2022.




Сподели го ова:

Слични објави