КРАДЕЛ И ГО ФАТИЛЕ НА ЛИЦЕ МЕСТО: Прилепчанец фатен на дело!
Денеска (18.08.2022) во 04.00 часот на ул.„11 Октомври“ во Прилеп од полициски службеници е лишен од слобода Е.Ќ.(36) од Прилеп. Тој бил затекнат при извршување на кривично дело „кражба“ од патничко возило, со прилепски регистарски ознаки.
Е.Ќ. бил приведен во полициска станица и по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.