Сте го посетиле ли Музејот на македонската борба за самостојност?

Сподели го ова:




Националната установа Музеј на македонската борба за самостојност е формирана со Одлука на Влада на РМ од 31 јули 2008 година. Изградбата на Музејот почнала во 2008 година и траела три години. Отворен на 20 годишнината од независноста на РМ, на 8 Септември 2011 година. Музејот е сместен во објект од 6435 квадратни метри нето површина, додека изложбените простории опаќаат 2.000 квадратни метри.

Музејот на македонска борба, како специјализиран музеј со историски музејски експозиции, има за цел изворно да ги презентира историските, културните и револуционерните традиции на Македонија и на македонскиот народ во нивната повеќевековна борба за создавање на своја национална држава на Балканот. Музејот претставува документирано, современо и објективно нагледно средство за најзначајните појави и процеси во поновата историја на Македонија. Преку изложбените експонати се презентирани историските премрежиња низ кои поминувал македонскиот народ во остварувањето на својата слободарска визија, на изворната идеја на македонската револуционерна борба за ослободување на Македонија, обединување и создавање на самостојна и независна македонска држава. Исто така, преку музејските експонати е прикажан отпор на македонските граѓани против комунистичката диктатура, жртвувајќи го својот живот за самостојна, обединета и демократска држава.

Централно место во холот на објектот зазема Декларацијата за прогласување независност на Република Македонија која е положена во музејот на денот на отвoрањето од страна на тогашниот претседател д-р Ѓорге Иванов.Музејот на македонската борба за самостојност е една од најпосетуваните културни институции и една најголемите туристички атракции на Скопје и Македонија.





Сподели го ова:

Слични објави