Новиот крушевски градоначалник ќе ги чисти дивите депонии низ Крушево! Да покажеме дека Крушево не е само највисоко, туку и најодговорно гратче на Балканот – порача Чонески

Сподели го ова:






























Новиот крушевски градоначалник, Нико Чонески, ќе ги чисти дивите депонии низ Крушево, се со цел за да докаже и покаже дека дека Крушево не е само највисоко, туку и најодговорно гратче на Балканот.

“Нашиот град има единствена убавина. За да ја зачуваме таа убавина, започнуваме со секојдневна акција – секој ден, секоја улица, секој дел од Крушево и населените места  да биде чисто и уредено.

Но оваа мисија успева само ако сме заедно.

Ги повикуваме сите граѓани:

👉 Мапирајте и пријавете ја секоја дива депонија до ЈП „Комуна“.

Вашата пријава значи побрза реакција и почисто маало, улица, град.

Да покажеме дека Крушево не е само највисоко, туку и најодговорно гратче на Балканот. Нашиот град заслужува!” – истакна Чонески.




Сподели го ова:

Слични објави