ППК “Младост 96”- Прилеп, уште на самиот старт на сезоната покажа и докажа дека и оваа година главна цел ќе биде освојување на титулата
Викендов во Скопје во СЦ Јане Сандански, започна пингпонгарското првенство, каде се одигра првото коло од Супер лигата и Прва лига. Вице шампионот од минатата сезона” Младост 96″ имаше успешен старт на првенството, и со резултат 4-2 извојува победа над екипата на Радовиш.
Лашкоски извојува две победи, Стомнароски една победа, додека пак новиот играч на клубот Нико Доага извојува една победа. Резерва на натпреварот беше Александар Рикалоски.
Уште на самиот старт Младост 96, покажа дека и оваа година главна цел ќе биде титулата. Наредниот турнир се игра на 20 Октомври во СЦ Јане Сандански со екипите на Телеком Нец 2 и Берово.
ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ
СУПЕР ЛИГА 1 коло
1.ППК Шампиони ФА -ППК Младост 4-1
2.ППК Младост96 – ППК Радовиш 4-2
3.ППК Кр.Паланка – ППК Вардар 4-1
4.ППК Астраион ППК Телеком Нец 2, 3-4
5.ППК Пелагонија ППК Берово 4-0
ПРВА ЛИГА 1 коло
1.ППК Кр.Паланка 2007- ППК Берово2 4-1
2.ППК 1060 АС Ѓ.Петров-ППК Куманово 4-1
3.ППК Дебар Маало- ППК Работнички 1-4
4.ППК Борец-Тим ППК Рисови 4-0
5.ППК Студент ППК Кочани 4-3