ЌЕ ТЕ ПАМЕТИМЕ ВЕЧНО! Точно 17 години од последниот одржан концерт на Тоше
На денешен ден, 05.10.2007 година на градскиот стадион во Скопје, Тоше Проески го одржа својот последен концерт, а 10-тина дена после тоа, загина во сообраќајната несреќа која се случи во Хрватска.
Како што информиравме претходно, по повод 17 години од последниот концерт на Тоше, денеска во Крушево во градскиот парк, фановите на Тоше од цела Македонија и Балканот ќе пеат во негова чест. На концертот ќе бидат неговите пријатели, музичари, пеачи, фанови, почитувачи и сограѓани, кои преку песните на Тоше ќе се потсетат на неговите безвремени хитови.