УБАВИНА: Денеска на Петковден, “реки од народ” во црквата св.Петка во нас.Точила

Сподели го ова:


























По повод денешниот голем христијански празник Преподобна Параскева (Петка) – Петковден, прилепчани “ги наполнија” христијанскјите храмови во градот под Марковите Кули, а најмногу христијански верници имаше во прилепскиот православен храм св.Петка во населба Точила.

Нема поубава глетка, од тоа кога гледаш дека православните храмови се преполни со голем број на верници. Впрочем, верата е единственото вредно нешто кое ни останува во овие тешки времиња.

Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите и беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите девицата Петка желна за подвижнички живот го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост.

Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе Света Петка во долгата низа години? На старост еднаш и се јави ангел Божји и и рече: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да и го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господ.“ Света Петка го послуша небесниот глас, ја остави својата омилена пустина и се врати во Епиват. Тука таа поживеа уште две години, пак во непрестајна молитва и пост и потоа го предаде својот дух на Бога. Се упокои во 9 век.




Сподели го ова:

Слични објави