Неделков: Без прифатлив предлог, практично е невозможно да се прекине штрајкот-Тежиме кон иста цел, но се движиме по различни патишта
Претседателот на СОНК Јаким Неделков, на денешната прес-конференција истакна дека без прифатлив предлог, практично е невозможно да се прекине штрајкот. “Апелирам да покажат сериозен пристап, да смогнат сили, да покажат волја и да понудат соодветен процент за образование и детска заштита, како и за ученички домови кои се приклучија на штрајкот, да обезбедат средства, дали 18,4 или друг процент, ние мора да имаме понуда. Тежиме кон иста цел, но се движиме по различни патишта. И наша цел е штрајкот побргу да заврши и децата да се вратат во клупите и занималните, но треба да ни се вкрстат патиштата и да има прифатливо решение за штрајкот да прекине. Уверени сме дека го правиме вистинското во интерес на членството”-истакна меѓу другото Претседателот на СОНК-Јаким Неделков на денешната прес-конференција за новинарите