ПЕКОЛНИ ГОРЕШТИНИ! И денеска ќе имаме сончево и многу топло време, со температури до 37 степени
Денеска времето ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од западен правец. Во текот на ноќта кон петок, ќе имаме нестабилно време со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната темепратура се очекува да го достигне 37-миот степен.