Кривична пријава за прилепчанец вработен во МВР – Одделот за внатрешна контрола при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе кривична пријава

Сподели го ова:





























Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Б.Т., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“.

Пријавениот Б.Т., полициски службеник во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, на 16.05.2025, при извршување службени задачи и преземање полициски овластувања во врска со пријавено кривично дело се стекнал со податоци кои претставуваат службена тајна во предистражна постапка. Додека, на 19.05.2025, при приватна комуникација преку мобилна апликација, добиените податоци ги споделил на бранител на осомничен во постапката, а се однесувале на дадени искази на лица лишени од слобода на кои им била определена мерка притвор, како и податоци во врска со издадени наредби за приведување на лице – информира МВР.




Сподели го ова:

Слични објави