Ревијален фудбалски натпревар помеѓу ФК Пелистер и ФК од Мелбурн-Австралија
Денес на стадионот во Новаци се одржа ревијален фудбалски натпревар помеѓу ФК Пелистер и ФК Престон Македонија, клуб од Мелбурн Австралија. Овој спортски настан ја зближи публиката, спортските ентузијасти и љубителите на фудбалот во една вистинска фудбалска атмосфера.
Настанот се одржа во спортски дух и пред бројна публика. Ова беше празник на спортот, пријателството и заедништвото!
Посебна чест беше присуството на претседателот на Престон Македонија Дејвид Цветковски, градоначалниците на Новаци и Битола, Стевче Стевановски и Тони Коњановски и пратеникот Пеце Милевски кои со својата поддршка ја нагласија важноста на спортот како мост на пријателство и соработка.
Атмосферата на трибините, спортскиот дух на играчите и дружењето по натпреварот уште еднаш потврдија дека фудбалот е многу повеќе од игра – тоа е заедништво, традиција и љубов кон спортот.


















