Вчера започна БИТ ФЕСТ со концертот на “Леб и Сол”, а утре настапуваат “Веселите Ѕвончиња” на големиот Kids Music Fest во Битола кој е дел од официјалната програма на Бит Фест
ПОД СЛОГАНОТ „УБАВИНАТА НА УМЕТНОСТА“, ЗАПОЧНА 17 ИЗДАНИЕ НА БИТОЛСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО „БИТ ФЕСТ“
Со концерт на „Леб и сол“ во античкиот локалитет Хераклеја, синоќа беше отворено 17 издание на Битолското културно лето. Фестивалот го отвори градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, потенцирајќи дека БИТ ФЕСТ е фестивал кој ја слави Битола како град на културата, уметноста и традицијата.

„Годинава сме особено горди што фестивалот продолжува да расте, што имаме добра програма и што заедно со уметниците, институциите, но и со секој од вас, ја негуваме убавината на уметноста, затоа што таа е најголемата вредност што можеме да ѝ ја даруваме на нашата Битола”, меѓу другото истакна Коњановски.
Исто така утре во Битола (сабота, 28.06.2025) во големиот градски парк во Битола под покровителство на Општина Битола ќе се одржи второто издание на големиот детски музички хепенинх “KIDS MUSIC FESTIVAL”, на кој специјално за најмладата битолска публика ќе настапат голем број на детски музички ѕвезди од цела Македонија, кои за најмладите битолчанчиња на 28.06.2025 година ќе допатуваат во убавата Битола.
“Веселите Ѕвончиња” ќе бидат главни ѕвезди на вечерта во Битола на второто издание од популарниот “Kids Music Fest”.
Настанот започнува во 20 часот, а влезот е бесплатен.



















