Мечка убила и изела неколку овци во гостиварско
Синоќа, добиена е пријава во 20.45 часот, за убиени и изедени овци во село Равен. Пријавителот информирал дека во вторникот, мечка му убила и изела шест овци. Трлото, каде што го чувал стадото, било на периферија на селото Равен.
По пријавата во ЦУК, на терен излегле од ПС – Гостивар, истакнуваат од ЦУК.

















