Не дозволувајте променливото време да влијае врз вашето расположение! Денеска, променливо време со повремени врнежи од дожд
Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).
Утринската температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе се движи од 11 до 20 степени. Меѓутоа без разлика на се, не дозволувајте променливото време да влијае врз вашето расположение!


















