Вчера МВР ги учеше прилепчани “како се паркира возило”
Вчера, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Прилеп, на подрачјето на градот реализираа превентивни активности под мотото –„Паркирај совесно – паркирај одговорно“ и „Фокусирај се на патот-не користи мобилен телефон“.
Притоа, покрај укажувањата на учесниците во сообраќајот, односно возачите, на граѓаните и возачите им беше поделен печатен едукативно-информативен материјал.