Уживајте во пријатно време додека можете! И денеска ќе имаме посвежо време
Променливо облачно и посвежо. Претпладне на некои места во нашата земја ќе има повремено пороен локален дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме.
Ќе дува слаб до умерен западен, а долж Повардарието северен ветер, кој попладне наместа ќе засилува.
Температурата ќе се движи од 27 до 31 степен.
Уживајте во пријатно време додека можете!
















