Е СЕГА НАРОДОТ Е НА ПОТЕГ: На 8-ми мај и претседателски и парламентарни избори
Целосно се промени цврстиот став на премиерот Ковачевски, дека двата изборни циклуси ќе се случат во различен термин наредната година. Најверојатно, 8-ми мај е денот кога во Македонија ќе се одржат претседателски и парламентарни избори.
„Се водат разговори со политичките партии во однос на одржувањето на изборите во 2024 година. Во мај, има доволно простор да се организираат редовни претседателски и парламентарни избори. Во однос на техничката влада, таа е законска обврска. На 100 дена пред одржување на изборите, во согласност со Законот за Владата, кој е важечки во државата, има техничка влада“, истакна Ковачевски.















