ДЕНЕСКА ВО КРУШЕВО: Голема литија со моштите на Свети Климент
Голема литија со моштите на Свети Климент Охридски, организира денеска Крушевско-демирхисарската митрополија. Пред почетокот на самата литија, во 17 часот во храмот „Свети Никола“ во Крушево ќе биде отслужена Вечерна богослужба, во спомен на патронот на Македонска Православна Црква – ОА, Свети Климент Охридски.
Затоа Ве покануваме благочестиви христијани, да се поклониме на моштите на нашиот патрон и заштитник на целиот наш македонски народ, светиот Климент Охридски! На Литијата ќе чиноначалствува Епископот делчевско – каменички г. Марко во сослужение на Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован, а предавање ќе одржи отец Предраг Попович на тема “Смирението и моќта”. Литијата ќе започне од храмот „Свети Никола“ и ќе се одвива по главната улица на нашиот град и повторно враќање при храмот, велат од Митрополијата.