ОВОЈ ЧЕТВРТОК Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Ни претстои голем христијански празник
Овој четврток 19 јануари 2023 година, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
Согласно Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во четврток кога е празникот Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
Големиот празник Богојавление – Водици оваа година традиционално ќе се одбележи со чинот на положување на светиот крст во водите на реките и базените во Прилеп и населените места, а главниот настан во Прилеп ќе се случи во малиот базнет во црквата св. Благовештение во Прилеп.