ЖАЛОСНА ГЛЕТКА ОД ПРИЛЕП: Ова е куќата во која таткото и синот ги загубија своите животи
Ова е куќата каде таткото и синот ги загубија своите животи вчера вечерта, во пожарот кој избувна на ул. “Цане Илиески” во Прилеп околу 22 часот.
“Утрово ја посетив опожарената куќа на улицата ,,Цане Илиески” заедно со командирот на ТППЕ-Прилеп и претседателот на Комисијата за елементарни непогоди.
На семејството му изразив сочуство за трагедијата и двата загубени животи на нашите сограѓани.
Голема трагедија за нашиот град, но сепак, реакцијата на нашата противпожарна единица била брза и навремена, со што е избегната поголема материјална штета во соседните куќи.
Локалната самоуправа на Општина Прилеп со сите свои капацитети и можности, секогаш дава максимална поддршка на сите семејства и наши сограѓани во за жал, вакви немили настани” – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.