На цвеќарниците и фризерските салони ќе им се дозволи да работат во недела

Сподели го ова:























Цвеќарниците и фризерско-козметичарските салони се единствените помеѓу услужните дејности кои што се водат како занаетчиски. За истите може да се направи отстапка со која што ќе им се дозволи да работат во недела, иако со закон неделата е утврден како неработен ден. Цвеќарниците и фризерските салони сега немаат право да работат во недела, а како што информираат од нивната Комора, вчера била одржана средба со министерката за труд и социјална политика, при што добиле ветување дека отстапката за цвеќарите, фризерите и козметичарите ќе се направи преку измени на Законот за работни односи. Дали ова ветување од Министерството ќе се оствари целосно-останува да видиме.



Сподели го ова:

Слични објави