|

Крстевски: Општина Росоман ќе продолжи да вложува во инфраструктура, сигнализација и едукација со цел да обезбедиме сигурни и безбедни патишта за сите

Сподели го ова:






























Локалната самоуправа има активен придонес и е исклучително значајна во унапредувањето на превентивните политики и конкретните мерки за подобрување на безбедноста во сообраќајот заедно со државните институции. За таа цел, деенска во Скопје се одржа Националната конференција „Безбедност на сообраќајот во локална самоуправа“.

Денес присуствував на Националната конференција за безбедност во сообраќајот во локалната самоуправа, каде заедно со останатите градоначалници од државата ја потпишавме Декларацијата за безбедност во сообраќајот на патиштата. Со потпишувањето на оваа декларација ја потврдуваме нашата посветеност: да работиме за побезбедни патишта, да создадеме подобри услови за сите учесници во сообраќајот, да воведеме мерки што ќе го намалат бројот на несреќи, и да ја подигнеме свеста кај граѓаните за сообраќајната култура. Безбедноста е заедничка одговорност. Општина Росоман ќе продолжи да вложува во инфраструктура, сигнализација и едукација со цел да обезбедиме сигурни и безбедни патишта за сите” – порача градоначалникот на Општина Росоман, Ѓорѓи Крстевски.




Сподели го ова:

Слични објави