Општина Прилеп започна со реализација на еден од трите капитални проекти на јавниот повик од Владата

Сподели го ова:





























Општина Прилеп започна со реконструкцијата на водоводната мрежа во населба Карабдалица!

Станува збор за реализација на еден од трите капитални проекти со кои општината аплицираше на јавниот повик од Владата – реконструкција на водоводната мрежа во населба Карабдалица во центарот на градот!

✅ Ќе се заменат 1.240 метри водоводна мрежа!

✅ Ќе се постават 124 приклучоци!

✅ Ќе се изградат 7 хидранти за поголема пристапност!

✅ За подобрен проток, профилите на цевките ќе се зголемат од DN 50 на DN 90!

Со оваа инвестиција значително ќе се подобри водоснабдувањето во населбата, зголемувајќи ја сигурноста и квалитетот на водата за сите жители.Голема благодарност до Владата на Република Македонија и премиерот Христијан Мицкоски за поддршката, заедно продолжуваме со проекти кои носат подобар живот за граѓаните на Прилеп -порача прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави