АХВ со апел до крајните потрошувачи да не го консумираат Баланс+ ферментираниот млечен производ кој го има овој сериски број
Од Агенцијата за храна и ветеринарство пристигна соопштение дека се отповикува производот Баланс+ ферментиран млечен производ, заради тоа што на нашиот македонски пазар била испратена количина која не е наменета за истиот, и истата била со неусогласена концентрација на афлатоксини, при што врз основа на македонските прописи сето тоа било потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Се повлекуваат пакувањата со сериски број/лот: 28.11.22, односно рок на употреба до 28 ноември.
Сериски број/лот: 28.11.22 Рок на употреба: 28.11.2022.
Причина за отповикување е испратена количина на производ која не е наменета за македонскиот пазар и е со неусогласена концентрација на афлатоксини според македонските прописи.
Производство: AD IMLEK, Industrijsko naselje bb,11231 Padinska Skela, Republika Srbija.
Увозник: Млекара АД Битола, Ѓурчин Наумов Пљакот бр.1, 7000 Битола, Република Северна Македонија.
Дистрибутер: Млекара АД Битола, Ѓурчин Наумов Пљакот бр.1, 7000 Битола, Македонија“, се вели во соопштението на АХВ.
Од АХВ со апел до крајните потрошувачи на горенаведениoт производ со посочениот сериски број, да нe гo консумираат, и истиот да гo вратат на она исто место од каде што гo купиле.