(фото) МВР во Прилеп “спие” веднаш до “јато” погрешно паркирани мотоцикли во центарот на градот

Сподели го ова:


























Нашата информативна екипа додека беше на терен, собирајќи нови актуелни информации со цел за да го задржиме високиот степен на посетеност на нашиот информативен портал од Ваша страна, во центарот на Прилеп -пред неколку денови ја направи оваа фотографија на која се гледа како во Прилеп МВР “спие” веднаш до “јато” погрешно паркирани мотоцикли во центарот на градот. Иако на сликата се две полициски лица кои најверојатно не се сообраќајни полицајци, сепак самите тие можеле веднаш да алармираат до своите сообраќајни колеги за состојбата со мотоциклите кои ги затекнаа на лице место.

Мотоциклите се паркирани речиси на самиот градски плоштад, односно на печашката патека која води директно до градскиот плоштад во Прилеп.

Имено, оваа ситуација е мошне честа во летниот период во градот под Марковите Кули кога “јата” погрешно паркирани мотоцикли во центарот на градот, привидно ја блокираат пешачката патека по која покрај другите, се движат и мајки со колички со мали деца, кои во вечерната гужва од народ во летниот период, мака мачат да поминат по оваа пешачка патека, и да си ги израдуваат своите најмили со прошетка по прилепскиот плоштад.

ЗАБРАНЕТО Е ПРЕВЗЕМАЊЕ НА СЛИКИТЕ ОД ОВАА ОБЈАВА ОД СТРАНА НА ДРУГИ ИНФОРМАТИВНИ ПОРТАЛИ, БЕЗ ПРЕТХОДНА ОФИЦИЈАЛНА ДОЗВОЛА ОД “СТАНИЦА.МК”




Сподели го ова:

Слични објави