Честит именден: Иван, Иванка, Ивана, Јана, Јане! Денеска е Иванден – Раѓањето на св. Јован Крстител
Денеска, православните верници го слават раѓањето на св.Јован Крстител-Иванден. По тој повод, денеска именден слават: Иван, Иванка, Ивана, Јана, Јане… Според календарот на МПЦ, шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот архангел Божји Гавриил му се јави на првосвештеникот Захариј во ерусалимскиот храм.

Пред да го објави чудесното зачнување на безмажната девица, архангелот го објави чудесното зачнување на една бездетна старица. Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем до осмиот ден по раѓањето на Јован.


















