Општина Прилеп e добитник на грант од 50.000 долари за проект за подобра животна средина!

Сподели го ова:






























Општина Прилеп е прворангиран добитник на големиот грант од 50.000 американски долари во рамки на Третиот повик на Фондот за техничка документација (ФТД), по спроведената евалуација на сите пристигнати апликации.

Средствата се доделуваат за изработка на техничка документација за проектот:

„Изработка на техничка документација за постројка за складирање, третман и преработка на биоразградлив и инертен отпад“, кој претставува еден од најзначајните чекори кон модерно и ефикасно управување со отпадот во Прилеп.

Проектот предвидува изработка на комплетна техничка документација , од урбанистички проект до основни проекти и стручна ревизија за две нови, современи инфраструктурни инсталации:

-Компостара за третман на биоразградлив отпад, која ќе овозможи од 48–55% од органскиот отпад да се претвори во висококвалитетен компост за земјоделство и озеленување.

-Инсталација за преработка на градежен шут, кој ќе се трансформира во гранулат што може повторно да се употреби за тампонирање на локални улици и патишта.

Овие решенија ќе овозможат намалување на депонираниот отпад, намалување на емисиите на стакленички гасови, подобрена работата на депонијата „Омец“, како и воведување на целосен концепт на циркуларна економија во управувањето со отпадот.

Со реализацијата, Прилеп ќе добие:

-значително намалување на загадувањето на животната средина;

-современи и ефикасни системи за третман на биоразградлив и инертен отпад;

-подобрени општински услуги за чистота и управување со отпад;

-усогласување со националната и европската регулатива (ЕУ Директива за депонии);

-напредок кон исполнување на Целите за одржлив развој на ООН.

Финансиски рамки

-Грант од ФТД: 50.000 УСД

-Сопствено кофинансирање: минимум 10.000 УСД

-Проценета вредност на техничката документација: 59.285,83 УСД

-Проценета инвестиција за изградба: 2.939.942,42 УСД

-Планирано времетраење за изведба: 3–5 години

Проектот се реализира со поддршка од УНДП, финансиран од Шведска и Бирото за регионален развој.

Општина Прилеп продолжува со заложбите за почиста, поздрава и поодржлива животна средина за иднина што ја заслужуваат сите прилепчани.




Сподели го ова:

Слични објави