103 години од раѓањето на Блаже Конески: Аманетот што ни го остави Конески, да не се заборави!

Сподели го ова:





























На 19 декември во далечната 1921 година, во селото Небрегово – прилепско, роден е еден од најистакнатите македонски културни дејци, академик, писател, врвен поет, научник – Блаже Конески. Денеска, се навршуваат цели 103 години од раѓањето на Конески.

Неговото творечко истражување даде огромни резултати во македонската литература во областа на културната историја на македонскиот народ. Аманетот што ни го остави Конески, да не се заборави. Македонскиот јазик, книжевност и култура да се негува во сите времиња и чува и штити во сите невремиња! Бидејќи јазикот, книжевноста и културата се нашиот код, наше наследство предадено од генерациите. Не само што не смееме да дозволиме да исчезне, да се засени, туку треба да го збогатиме и таков да го предадеме на генерациите по нас!

Цепенков, Конески, Кепески и плејада други културни дејци се родени на оваа земја. Нивните корени се овдешни, а и подариле на Македонија и македонскиот народ, на светската наука – вечност.




Сподели го ова:

Слични објави