Паметен потег! Ќе се градат патишта за заштита од пожари, за доброто на сите кои ги посетуваат планините и работат во планинските предели
Генералниот директор на ЈП “Македонски шуми”, Здравко Трајанов, соопшти дека во шумите ќе се градат патишта за заштита од пожари, а сето тоа подразбира дека ќе се зголеми заштитата и безбедноста на сите оние лица кои ги посетуваат планините и работат во планинските подрачја.

Денес како директор на ЈП Национални шуми со директорот на АФПЗРР Илија Стоилев потпишавме меморандум за соработка, со што отпочнува процесот на реализација на Годишната инвестициона програма на ЈП Национални шуми. За прв пат ЈП Национални шуми влегува во програмата за Рурален развој. Ќе градиме патишта за: заштита од пожари, за добробит на сите кои ги посетуваат и работат во планините. Благодарност до Министерот Цветан Трипуновски. За Македонските шуми се работи! – истакна Трајанов!


















