Видео – погледнете! Во нас. Точила во употреба е пуштено целосно реконструираното спортско катче
Денес, прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, го пуштија во употреба целосно реконструираното спортско катче во населбата Точила – модернизирани игралишта за фудбал, кошарка и одбојка, како и нови фитнес реквизити кои ќе им служат на сите наши сограѓани.

Горди сме што за само еден месец, во рекордно краток рок, успеавме целосно да ги реконструираме овие содржини и да ги ставиме повторно во функција. Овој значаен проект, реализиран од Министерството за спорт, претставува одличен пример за успешна соработка и заеднички напори за подобрување на инфраструктурата во нашата општина. На министерот му упатувам искрена благодарност за поддршката и посветеноста. Со ваквите проекти создаваме повеќе можности за спорт, рекреација и здрав живот, особено за најмладите, кои ги мотивираме да ги заменат современите пороци со активен и правилен развој. Продолжуваме со нова енергија и со конкретни чекори за подобра, поуспешна и поздрава Општина Прилеп! – порача Проданоски.
















