Општина Демир Хисар обезбеди огревно дрво за традиционалната прослава на Василица за 31 василичарски оган
Денес Општина Демир Хисар, обезбеди огревно дрво за традиционалната прослава на Василица, на 31 василичарски оган во овој град. Воедно, Општината обезбеди и огревно дрво и за едно семејство од социјален ризик од Демир Хисар. “Ја продолжуваме традицијата, а во духот на христијанството се трудиме да помогнеме онаму каде што е најпотребно.Честита слава и вечно име на сите што го носат името на Св Василиј Велики.За многу години!”-нагласи градоначалникот на Општина демир Хисар-Никола Најдовски