Споменот за Тоше, неговите песни и убавото Крушево се вечни! Промоција на винилно издание на албумот „Игри без граници“ на Тоше Проески

Сподели го ова:





























Во време на брза дигитализација, винилот останува симбол на трајната вредност на музиката и на вистинското музичко доживување.

“Присуствував на отворањето на музичкиот саем кој ги обединува љубителите на музиката, колекционерите, авторите, издавачите и професионалците од музичката индустрија.

Ваквите настани се значајни за развојот на музичката култура и за јакнењето на музичката индустрија во Македонија.

Посебен момент беше промоцијата на винилното издание на албумот „Игри без граници“ на Тоше Проески. Речиси две децении по неговото заминување, неговата музика продолжува да живее, да инспирира и да ги поврзува генерациите. Ова издание е уште една потврда дека делото на Тоше останува безвременско и длабоко врежано во колективната меморија на нашиот народ.

Музиката трае. Вредностите траат. Споменот на Тоше трае” – порача министерот Зоран Љутков.




Сподели го ова:

Слични објави